19.2.13

Мјуреј Букчин: Анархија и организација

Писмо до левицата


Постои древен мит дека анархистите не веруваат во организација за да промовираат револуционерна активност. Овој мит беше подигнат од своето место на мирување од Маркузе во интервју за L'Express пред неколку месеци и реитериран од Хјуи Њутон во неговото дело „Во одбрана на самоодбраната“ каде New Left Notes одлучија да го реиздадат во последното издание на National Convention.

Да се образложува прашањето на „организација“ наспроти „не-организација“ е смешно; ова прашање никогаш не се полемизирало помеѓу сериозните анархисти, освен можеби помеѓу оние осамени „индивидуалисти“ чија идеологија повеќе е вкоренета во екстремна варијанта на класичниот либерализам одошто во анархија. Да, анархистите веруваат во организација – во национална организација и во интернационална организација. Анархистичката организација варира од лабави, високо децентрализирани групи до „авангардни“ движења на многу илјади, како шпанската FAI, која функционираше на многу здружен начин.

Вистинското прашање не е организација наспроти не-организација, туку, каква организација. Тоа што различните видови на анархистички организации имаат заедничко е што се развиени органски од долу, а не инженирани во постоење од горе. Тоа се социјални движења кои комбинираат креативен револуционерен начин на живот со креативна револуционерна теорија, а не политички партии, чиј јазел на живот не се разликува од околната заокружена буржоаска околина и чија идеологија е сведена на ригидните „испробани програми“. Тие се обидуваат да го рефлектираат колку што е човечки можно нивното ослободено општество што сакаат да го постигнат, да не го дуплицираат на ропски начин постоечкиот систем на хиерахија, класи и авторитет. Тие се градени околу интимни групи на браќа и сестри, чија способност да делуваат заеднички се базира на иницијатива, убедувања до кои е стигнато слободно, и длабоко лично вклучување, а не бирократски апарат, преполнет со послушно членство, манипулиран од врвот од шака „сезнајни“ лидери.

Јас не знам со кого Хјуи се расправа кога зборува за „анархисти“ што веруваат дека сé што треба да направат е „само да се изразат себеси индивидуално“ со цел да постигнат слобода. Тим Лири? Ален Гинзберг? Битлси? Секако не револуционерните анархокомунисти што јас ги знам – а знам голем и доста претставителен број од нив. Ниту пак ми е јасно од каде Хјуи ги доби неговите факти за револтот Мај-Јуни во Франција. „Комунистичката партија и другите прогресивни партии“ од француската „левица“ не само „се влечеа позади народот“ како што изгледа верува Хјуи; овие „дисциплинирани“ и „централизирани“ организации се обидоа на сите начини да ја опструираат револуцијата и да ја пренасочат назад во традиционалните парламентарни канали. Дури и „дисциплинираните“, „централизирани“ троцкисти FER и маоистичките групи се противеа на револуционерните студенти како „ултра-левичари“, „авантуристи“ и „романтичари“ сé до првата улична борба во мај. Карактеристично, повеќето од „дисциплинираните“, „централизирани“ организации на француската „левица“ се влечеа нечујно позади настаните, во овој случај „Комунистичката партија и прогресивните партии“, бессрамно ги предадоа студентите и работниците на системот.


Го сметам за невообичаено тоа што Хјуи ги обвинува Француските Сталинистички финти за „влечење за народот “ тој ги смета анархистите и Дени Кон Бендит (анг. „ Danny Cohn Bendit “) виновни за народот што е „принуден да се сврти назад кон Де Гол“. Ја посетив Франција набрзо по револтот од мај-јуни и можам да потврдам без никаква тешкотија како Дени Кон Бендит, 22 Март Движењето и анархистите се обидоа одлучно да развијат форми на собири и акциски комитети во „структурална програма“ (навистина, отиде подалеку од обична „програма“) за да ја заменат владата на Де Гол. Можам да покажам сосема јасно како тие се обидоа да ги натераат работниците да ги задржат фабриките и да воспостават директни економски контакти со селаните: накратко, како се обидоа да ја заменат француската политичка и економска структутура со креативни, остварливи револуционерни форми. Во ова, тие се сретнаа со континуална опструкција од „дисциплинираните“ „централизирани“ партии на француската „левица“ вклучувајќи и голем број на троцкистички и маоистички секти.

Постои уште еден мит кој треба да се разбие – митот дека социјалните револуции се направени од тесно дисциплинирани кадри, водени од високо централизирано водство. Сите големи социјални револуции се дело на длабоко вкоренети историски сили и контрадикции за кои револуционерот и неговата организација придонесуваат многу малку и, во повеќето случаи, комплетно погрешно оценува, револуциите самите избиваат спонтано. „Славната партија“ вообичаено се влече позади овие настани – и, ако востанието е успешно, тогаш влегува командирот, манипулира и речиси речиси секогаш ја извитоперува. Тогаш револуцијата го достигнува својот реален период на криза: дали „славната партија“ ќе создаде одново друг систем на хиерархија, одмазда и моќ во својата света мисија „да ја одбрани револуцијата“, или ќе се растопи во револуцијата заедно со растопувањето на хиерархијата, доминацијата и моќта како такви? Ако револуционерна организација не е структуирана за да се претопи во популарните форми создадени од револуцијата откако својата функција на катализатор е комплетирана; нејзините форми не се слични на слободарското општество што сака да го создаде, така што може да исчезне во револуционерните форми на иднината – тогаш организацијата станува возило за носење на сите форми од минатото во револуцијата. Станува самоодржлив организам, државна машина што, далеку од „ одумирањето “, ги зачувува сите архаични услови на своето постоење.

Постои далеку повеќе мит одошто реалност во тврдењето дека тесно „централизирана“ и „дисциплинирана“ партија го промовира успехот на револуцијата. Болшевиците беа поделени и распрскани од раскарани фракции од октомври 1917, до март 1921. Иронично, само откако последните бели армии беа избркани од Русија Ленин успеа комплетно да ја централизира и дисциплинира неговата партија. Далеку пореални беа бескрајните предавства инцинирани од хиерархиските, „дисциплинираните“, високо „централизирани“ партии на „левицата“, како социјал-демократската и комунистичката.

Тие следеа речиси незапирливо од фактот дека секоја организација (колку и да се револуционерни во својата реторика и колку и да се добронамерни нивните цели) која се моделира себеси структурно на самиот систем кој сака да го отфрли станува асимилирана и поткопана од буржоаските релации. Својата привидна ефективност станува изворот за своите најголеми неуспеси.

Неодречиво проблеми се појавуваат што може да бидат решени само од комитети, преку координација и преку висока мера на самодисциплина. За анархистите, комитетите мора да бидат ограничени на практичните задачи што го наложуваат нивното постоење и тие мора да исчезнат откако нивните функци се завршени. Координацијата и самодисциплината мора да се постигнат доброволно, преку доблеста на високиот морал и интелектуалниот калибар на револуционерот. Да се бара помалку од ова, е да се прифати како „револуционер“, безумен робот, креатура на авторитарниот тренинг, агент што се манипулира чија личност и изглед се крајно оттуѓени, навистина противречно, за било кое општество што може со резерва да се смета за слободно.

Ниту еден сериозен анархист нема да не се согласи со приговорот на Хјуи за „потребата од бришењето на империјалистичката структура преку организирани групи“. Ако воопшто е можно ние мора да разботиме заедно. Ние мора да препознаеме исто така, дека во САД, срцето на светскиот империјализам денес, развиени се економијата и технологијата, речиси преку ноќ, сите проблеми што Маркс некогаш веруваше дека го оправдуваат постоењето на државата. Би била катастрофална грешка да се справувате со економија на потенцијален вишок и автоматизирано производство од теоретска позиција која беше вкоренета во технолошка ера што се базира на јаглен, груби машини, долги часови на работа и материјален недостиг. Време е да престанеме да учиме од Мао-овата Кина и Кастровата Куба – и да ја видиме забележливата економска реалност пред нашите сопствени очи за сите луѓе да уживаат откако американскиот буржоаски колос може да се сруши и неговите ресурси да служат на човештвото.

No comments:

Post a Comment